Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Словенечките партии сакаат референдум за пограничниот договор со Хрватска

11/11/2009

ЉУБЉАНА, Словенија -- Владејачката коалиција ги здружи барањата на опозицијата за одржување референдум во врска со новиот арбитражен договор со Хрватска за решавање на билатералниот пограничен спор. Четирите владејачки партии во вторникот (10-ти ноември) објавија дека ќе го ратификуваат договорот само ако мнозинството Словенци го поддржи на консултативниот референдум. Новото истражување објавено во весникот „Дело“ покажува дека 48,5 отсто од Словенците го поддржуваат договорот, 37 отсто се противат и 14,6 отсто се неопределени. Пред каква било ратификација, документот ќе биде доставен до Уставниот суд на проценка. Во петокот претседателот Данило Турк рече дека го поддржува одржувањето консултативен референдум пред ратификацијата во парламентот. За разлика од тоа, опозицијата сака обврзувачки референдум. (ХИНА, Пословни, Нова ТВ, ХРТ, РТС, Ројтерс - 10/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's