11/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Белградскиот суд осуди 41 член на т.н. патна мафија на вкупно 131 година затвор, во средата (11-ти ноември). Тие се обвинети дека му нанеле штета на државниот буџет во висина од околу 6,5 милиони евра, со проневерите во патарините, извршени во периодот меѓу 2004 и 2006 година. Вкупно 53 лица беа обвинети во врска со случајот. Деветмина обвинети беа ослободени од обвиненијата, додека тројца извршија самоубиство во текот на истрагата. Судењето започна во мај 2007 година. (РТС, Б92, Бета - 11/11/09)