10/11/2009
БЕРЛИН, Германија -- Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во понеделникот (9-ти ноември) рече дека решавањето на спорот околу името со Македонија претставува предуслов за пристапувањето на Скопје во ЕУ. На неформалниот состанок во Берлин со американската државна секретарка Хилари Клинтон -- на маргините од настаните по повод одбележувањето на 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид -- Папандреу рече „ова е апсолутно јасна“ порака.
Во своето обраќање пред учесниците на прославите, Папандреу ја повика Европа да го урне последниот ѕид во своите граници, „оној кој го дели Кипар на два дела“. (Катимерини, АНА-МПА, Макфакс - 10/11/09)