10/11/2009
ИСТАНБУЛ, Турција -- Водачите на земјите во Организацијата на исламската конференција (ОИК) се собраа во Истанбул во понеделникот (9-ти ноември), на разговори околу начините за унапредување на економската соработка додека трае глобалната финансиска криза. Обраќајќи им се на учесниците на форумот, турскиот претседател Абдула Ѓул, побара подобра соработка помеѓу членовите на повеќе полиња. „Нашите земји се соочуваат со глобални предизвици како што се урбанизацијата, емиграцијата, индустријализацијата, негативните последици од климатските промени ... и сериозни проблеми од социо-економски и еколошки димензии“, рече Ѓул. На состанокот имаше 11 претседатели, три потпретседатели, шест премиери и 18 министри од исламските земји. (Заман - 10/11/09; ИСРИА, Хуријет, МИА, ЈуропЊуз, Прес ТВ - 09/11/09)