09/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Министерството за транспорт во саботата (7-ми ноември) потврди дека паднал дел од тунелот на новоизградениот пат кој ги поврзува Тирана и Косово. Нема извештаи за евентуални повредени. Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка го прекина сообраќајот во тунелот целосно минатиот месец за да ја заврши изградбата до почетокот на 2010 година. (Tоп ченал, ВоА, Шекули, ББС, Клан, Топ њус - 08/11/09)