08/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Стотици луѓе беа евакуирани во саботата (7-ми ноември) поради поплавите во југозападна Србија. Надојдената вода ги преплави куќите и другите објекти. Илјадници семејства во неколку градови останаа без вода за пиење. Властите велат дека поплавите биле предизвикани од поројните дождови во изминатите неколку дена, кои ја оштетија и патната инфраструктура. (AП, РТС, A1 - 07/11/09)