Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Германија финансиски го помогна набљудувањето на косовските избори

06/11/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Германскиот амбасадор во Косово, Ханс-Дитер Стајнбах и генералниот секретар на Европската мрежа на изборните набљудувачки организации (ЕНЕМО) Константин Марза во четвртокот (5-ти ноември) потпишаа договор кој му овозможува на ЕНЕМО да ги следи локалните избори во Косово на 15-ти ноември. Германија одвои 146,532 евра за овој проект.

Во меѓувреме, Централната изборна комисија, во координација со Министерството за внатрешни работи и Меѓународната цивилна канцеларија во четвртокот одлучија да им се дозволи на граѓаните да гласаат со покажување на личните карти издадени од страна на УНМИК на денот на изборите, и покрај фактот што овие документи се неважечки веќе два месеци. Претходно оваа недела властите објавија дека и српските пасоши ќе бидат прифатени за идентификација на избирачките места. (Зери, Лајм, Експрес, Коха Диторе - 05/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's