МАНУ го разреши управниот одбор на контроверзната енциклопедија

06/11/2009

СКОПЈЕ, Македонија -- Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во четвртокот (5-ти ноември) го разреши Блаже Ристовски, главен уредник на првата македонска енциклопедија, и неговиот тим. Гласањето, по неколку часа дебата, заврши со 45 наспрема 1 глас. МАНУ, исто така, одлучи во рок од еден месец да биде формиран и да почне со работа нов уреднички одбор, кој или ќе ги коригира контроверзните делови од книгата или ќе почне да работи на сосема нова енциклопедија. Дистрибуцијата на сегашната верзија е прекината. Некои текстови предизвикаа лути реакции меѓу албанските интелектуалци и политичари во Македонија, како и во Албанија и Косово, поради начинот на кој е прикажана албанската заедница. (Maкфакс, МИА, А1, Алсат, МРТ - 05/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's