Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Српската влада ќе расправа околу предлог-законот за Војводина

05/11/2009

БЕЛГРАД, Србија -- Владата планира во четврток (5-ти ноември) да расправа околу предлог-законот за утврдување на јурисдикцијата на покраината Војводина, предуслов за усвојување на статутот на покраината. Предлог-законот беше додаден на агендата откако премиерот Мирко Цветковиќ и Ненад Чанак, водач на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), постигнаа согласност околу амандманите предложени од партијата, кои ќе бидат вклучени во предлог-верзијата на документот. ЛСВ инсистира на тоа дека Војводина има главен град -- Нови Сад -- како и своја сопствена Академија на науките и уметностите, и дека автономијата на покраината не може да биде поткопана од други закони. Усвојувањето на предлог-законот беше одложено поради несогласувањата во врска со тоа колкава автономија треба да се задржи. По усвојувањето од страна на парламентот, законот за пренесување на надлежностите ќе биде проследен до парламентот, заедно со предлог-статутот. Истиот беше усвоен од страна на парламентот на покраината пред повеќе од една година. (Бета, Танјуг - 05/11/09; Б92, Фонет, Бета, РТС - 04/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's