04/11/2009
ТИРАНА, Албанија -- Властите и новинарските здруженија во вторникот (3-ти ноември) го осудија претепувањето на новинарот и издавач Меро Базе претходната вечер во Тирана. Премиерот Сали Бериша издаде изјава во која нападот се опишува како „сериозен и грд чин; неприфатлив за едно слободно општество“. Американската амбасада објави дека „физичките напади на новинарите, и другите форми на медиумско заплашување, фрлаат сенка врз слободата на печатот“. Канцеларијата на ОБСЕ во Тирана, опозициските партии и новинарските здруженија ги повикаа властите да ги пронајдат и осудат виновниците. Двајца други новинари беа сведоци на нападот врз Базе во бар во центарот на Тирана, за кој се верува дека бил поттикнат од серијата натписи во кои се обвинува нафтениот претприемач Резарт Тачи за корупција. (Шекули, ВОА, ББС, Топ ченал, Њус 24, Вижн +, Клан - 03/11/09)