04/11/2009
СТОКХОЛМ, Шведска -- Словенечкиот премиер Борут Пахор и неговата хрватска колешка Јадранка Косор во средата (4-ти ноември) во Стокхолм потпишаа договор за арбитража со цел решавање на долготрајниот пограничен спор меѓу нивните две земји. Шведскиот колега Фредрик Рајнфилд, исто така, го потпиша договорот, со оглед на тоа што неговата земја претседава со ЕУ. Хрватскиот парламент го одобри во понеделникот, заедно со едностраната изјава во која се подвлекува дека договорот не го прејудицира исходот на меѓународната арбитража. Договорот треба да стави крај на словенечкото противење на кандидатурата на Хрватска за пристапување во ЕУ. (ХРТ, Јавно, СТА - 04/11/09; ХРТ, СТА, ХИНА, Пословни, Индекс, Вечерњи лист, Ројтерс - 03/11/09)