Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Косовски и македонски дипломати ќе работат на формирање амбасади

03/11/2009

ПРИШТИНА, Косово -- Министерот за надворешни работи, Скендер Хисени, се очекува да го посети Скопје в петок (6-ти ноември), при што ќе разговара околу практичните прашања поврзани со отворањето амбасади во двата главни градови, објавија локалните медиуми во вторникот, цитирајќи владини извори во Скопје. Подоцна овој месец делегација од Македонија ќе ја посети Приштина за да го финализира отворањето на Македонската амбасада во Косово.

Во другите вести, Меѓународната цивилна канцеларија ги објави резултатите на двете истражувања што ги спроведе во април и јуни, за мерење на задоволството на јавноста од локалната и централната администрација. Во април 40 отсто од Албанците веруваа дека животните услови ќе се подобрат; во јуни бројката падна на 37 отсто. Меѓу Србите, 18 отсто од испитаниците во април веруваат дека ќе има подобри животни услови, додека во јуни процентот падна на 10 отсто. Што се однесува на улогата на ЕУЛЕКС, 74 отсто од сите испитаници изразија очекување дека ЕУЛЕКС ќе помогне во разбивањето на корупцијата во Косово. (Коха Диторе, Зери, Косова Сот - 03/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's