02/11/2009
AТИНА, Грција -- Припадниците на антитерористичкиот одред на полицијата, во неделата (1-ви ноември) уапсија маж, осомничен дека снабдувал оружје за терористичката организација Секта на револуционери. Осомничениот носел чанта со пушка, заштитен елек и безжични предаватели, кога бил уапсен во близина на Атина. Полицијата вели дека тој е близок соработник на мафијашкиот „бос“ Василис Палеокостас, кој успеа да избега од затворот во Атина со хеликоптер, претходно оваа година. Во февруари Сектата на револуционери се појави на насловните страници на весниците, кога ја презеде одговорноста за неколку напади на полициски станици во Грција. (To Вима, Филелефтерос, БТА - 01/11/09)