Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Терористичка група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Атина

01/11/2009

ATИНА, Грција -- Екстремистичка левичарска група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад рано во петокот (30-ти октомври), на зграда во Атина, каде што живее член на Европскиот парламент (ЕП) од опозициската партија Нова демократија. Конспиративно јадро на огнот на Интернет објави дека нападот бил извршен како протест за дејствата на Мариета Јанаку додека таа била министер за правда од 2004 до 2007 година. Серијата реформи што таа ги спроведе предизвикаа бран протести меѓу грчките студенти. Дванаесет минути пред експлозијата во петокот, имаше две анономни јавувања до локалните медиуми, со предупредување за нападот. Експлозијата предизвика само мала штета. Јанаку беше избрана во ЕП во јуни. (AП, Ксинхуа - 30/10/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's