01/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватскa -- Властите во саботата (31-ви октомври) го објавија првиот смртен случај од свински грип во земјата. Жртвите, 61-годишен маж, почина во болницата во Сплит, откако десет дена беше во критична состојба. Повеќе од 1.000 случаи на вирусот Х1Н1 се регистрирани во Хрватска досега, од кои повеќето во Загреб. Но, во петокот, Институтот за јавно здравје во Сплит објави епидемија во Сплитско-далматинската жупанија. Во средата училиште во Сплит беше затворено поради неколку инфицирани ученици. (Jутарњи лист, Вечерњи лист, Индекс, Јавно, Б92 - 31/10/09)