01/11/2009
AНКАРА, Турција -- Десничарската Татковинска партија (АНАП) и Демократска партија (ДП) на конгресот во саботата (31-ви октомври) одлучија да се спојат во еден политички блок. АНАП, формирана во 1983 година од страна на Тургут Озал, ќе стане ДП, која беше формирана истата година од страна на Сулејман Демирел, под името Догру Јол, или Партијата на вистинскиот пат. (Ворлд булетин, новинска агенција Анадолу, Хуријет - 31/10/09)