30/10/2009
ТИРАНА, Албанија -- Шест нови истражни канцеларии ќе бидат отворени од страна на Генералниот обвинител во Тирана, со цел да се помогне го борбата против корупцијата и финансискиот криминал. Борбата против организираниот криминал е патот кон ЕУ, рече во четвртокот (29-ти октомври) главната обвинителка Ина Рама, за време на церемонијата за новите обвинители. Рама побара од даночните власти да почнат со овие истраги. „Се работи за кривични дела извршени од страна на повеќе од едно лице, софистициран криминал кој бара поголема интегрираност, професионализам и храброст во борбата против него“, додаде Рама. (Шекули, Алсат, Клан, Телеграфи - 29/10/09)