30/10/2009
ПРИШТИНА, Косовo -- Уште едно тело беше пронајдено во средата (28-ми октомври) во реката Тица, и се претпоставува дека се работи за член на групата косовски Албанци кои се обиделе да ја преминат реката и да влезат во Унгарија илегално од Србија претходно овој месец. Со тоа, бројот на жртвите познати досега се искачи на шест, додека десет се водат за исчезнати. Еден преживеан во четвртокот за приштинска мрежа изјави: „Не знаевме дека ќе мораме да патуваме по река. Тие не изневерија; не излажаа“, рече Блерим Рама, кој успеа да ги спаси своите две деца. Неговата сопруга е меѓу оние кои се удавија кога бродот се превртел и потонал. Таа беше погребана во Приштина во четвртокот. (Зери, Коха Диторе, Косова Сот, Лајм - 30/10/09)