30/10/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Министерот за економија, Дамир Поланчец, во петокот (30-ти октомври) поднесе оставка поради големите критики во јавноста околу скандалот со локалниот производител на храна Подравка. Неколку претставници на претпријатието веќе се приведени за наводна вмешаност во серијата финансиски трансакции кои почнаа во 2006 година. Инспекторите велат дека тие имале намера да ги откупат акциите на Подравка и да ја преземат фирмата користејќи ги нејзините сопствени пари, што ја чинело земјата околу 34,5 милиони евра во загуби. На прес-конференцијата во петокот Поланчец -- кој беше, исто така, и вицепремиер -- рече дека поднел оставка бидејќи не сакал да ѝ нанесе штета на владата и владејачката коалиција. Опозициските партии повикаа на негова оставка. Весникот Вечерњи лист цитираше извори според кои УСКОК, хрватското антикорупциско биро, води истага за Поланчец. (ХРТ, Пословни, ХИНА, Јутарњи лист, Ројтерс - 30/10/09