29/10/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Парламентарните комисии во средата (28-ми октомври) ги почнаа претресите за кандидатите од новата влада предложена од мандаторот Лучијан Кроитору. Се расправаше за шест од предложените министри, но само двајца добија позитивни гласови. Василе Блага, кој е предложен да остане регионален министер за развој, доби поддршка од Демократскиот сојуз на Унгарците. Блага е близок пријател на претседателот Трајан Башеску и ја надгледува неговата предизборна кампања. Дипломатот од кариера Богдан Ауреску доби високи оценки за Министерството за надворешни работи.
Претресите ќе продолжат в четврток и петок ако биде потребно, пред гласањето од страна на целиот состав на парламентот следната недела. Не се очекува одобрение за владата. (Евениментул Зилеи, Романија либера - 29/10/09; Медиафакс, Hotnews.ro - 28/10/09)