29/10/2009
СОФИЈА, Бугарија -- Пет училишта во земјата беа затворени откако тестовите на неколку ученици беа позитивни за присуство на вирусот Х1Н1, објавија здравствените власти. Вкупно 204 случаи на свински грип се регистрирани досега. Властите го потврдија и вториот смртен случај: еден 30-годишен маж од Самоков му подлегна на вирусот во вторникот.
Во меѓувреме во Србија, директорот на едно основно училиште во Чачак во четвртокот објави дека неколку ученици се инфицирани со вирусот Х1Н1. Мирко Лазовиќ додаде дека вкупно 11 ученици од училиштето „Милица Павловиќ“ покажале симптоми на вирусот. Локалните медиуми објавија дека во три од овие случаи, вирусот е потврден.
Во другите вести од четвртокот, тројца средношколци од Военото средно училиште во Белград се заболени од свински грип. Армијата планира да издаде официјално соопштение во петок. РТС објави дека еден случај бил регистриран во друго средно училиште во Белград, како и дека еден туристички водич од главниот град е, исто така, инфициран.
Пред неколку дена, Хрватска објави дека 27 студенти на загребската Полициска академија имаат свински грип, од кои еден беше хоспитализиран. (Прес, Б92, РТС - 29/10/09; БНР, Дарик, Дневник, ДПА - 28/10/09)