27/10/2009
AТИНА, Грција -- Министерството за заштита на граѓаните во понеделникот (26-ти октомври) објави награда од 600.000 евра за информации кои ќе водат до апсење на тројца анархисти осомничени за серија ограбувања на банки во 2006 година. Соопштението дојде во време кога владата вети дека ќе ги искорени локалните анархистички и радикални левичарски групи, одговорни за бомбашките напади во Атина. Според соопштението, на секој кој ќе обезбеди онформации во врска со осомничените -- Симеон Сеисидис, Мариос Сеисидис и Грегори Циронис -- ќе му биде загарантирана анонимност. Триото е во бегство уште од грабежите пред три години. (AП, Ксинхуа, МИA - 26/10/09)