26/10/2009
ТИРАНА, Албанија -- Загаденоста на воздухот во Тирана го скратува животот на жителите за една до две години, објавија медиумите во саботата (24-ти октомври), цитирајќи ги експертите. Смогот, правот и запаленото ѓубре се главните фактори кои придонесуваат за загаденоста, чии нивоа се далеку над дозволените прифатливи стандарди. Светската здравствена организација проценува дека околу 200 смртни случаи се регистрирани во Албанија секоја година како резултат на загаденоста на воздухот. (Tелеграфи - 25/10/09; Газета шкиптаре, Балкан веб - 24/10/09)