26/10/2009
БУДИМПЕШТА, Романија -- Постојаните бироа на двата дома на парламентот в понеделник (26-ти октомври) ќе одлучуваат за датумите на расправите во врска со предложената влада на мандаторот Лучијан Кроитору. Постапката е двојна. Најпрво, тие ќе ги добијат гласовите на комисиите, по што ќе гласа целиот парламент, за составот на новиот парламент. Овие гласања мора да се одржат до 7-ми ноември. Кроитору ја има поддршката само на Либералдемократската партија (ПДЛ), бидејќи сите партии и малцински претставници и понатаму го поддржуваат Клаус Јоханис за оваа позиција. Кроитору ги обелодени имињата на членовите на својата влада во петокот попладне. Се работи за мешавина од членови на ПДЛ и технократи. (Hotnews.ro, Meдиафакс, Романија либера - 26/10/09)