25/10/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Институтот за исчезнати лица во петоко (23-ти октомври) објави дека е пронајдена нова масовна гробница со остатоците на најмалку 19 жртви од масакрот во Сребреница во 1995 година, во 30-метри длабока пештера во близина на Тузла. На некои од жртвите рацете им биле врзани, а очите преврзани. Околу 8.000 босански муслимани се верува дека се убиени, но досега се идентификувани околу 5.600 жртви во 70 масовни гробници околу Сребреница. (AФП, МИА - 23/10/09)