25/10/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски повика на дијалот го Грција во врска со спорот околу името на земјата, за време на своето обраќање во петокот (23-ти октомври), по повод Денот на македонската револуционерна борба. „Овој спор е донесен однадвор“, рече Груевски. „Но, јас денес сакам да истакнам дека ние бараме взаемно прифатливо решение.“
Во врска со претходните грчки напори за спречување на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, Груевски рече дека ваквите блокади се штетни за двете земји и ги оддалечуваат од изнаоѓање решение. (Maкфакс, МИА - 23/10/09)