23/10/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Полицијата уапси осум официјални претставници на здравствениот сектор -- вклучително и поранешни директори на болници -- за злоупотреба на службената должност и корупција. Осомничените, наводно, му нанеле загуби во висина од 665.000 евра на градот Белград, во врска со тендерите за набавка на техничка опрема. Техничките карактеристики и услови биле, наводно, наместени во корист на едно конкретно претпријатие. (БХРТ, Дневни аваз, РТРС, Срна, Фена, Б92, Танјуг, Бета, РТС, Блиц - 22/10/09)