23/10/2009
ВИЕНА, Албанија -- Албанија ги исполна повеќето препораки на ОБСЕ на своите јунски претседателски избори и постигна напредок во поглед на идентификацијата на гласачите и регистрацијата, според годишниот извештај претставен од страна на амбасадорот на ОБСЕ во Тирана Роберт Бош. Информирајќи го Постојаниот совет на организацијата во Виена во четвртокот (22-ри октомври), тој ја повика албанската опозициска Социјалистичка партија (СП) да го прекине својот бојкот и да се врати во парламентот за да помогне во усвојувањето на реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ. Но, Бош призна дека има законски проблеми со изборите. Тој го критикуваше процесот на пребројување на гласовите во јуни, велејќи дека партиите го политизирале процесот. Тој, исто така, посочи дека владејачката Демократска партија ги искористила државните механизми во своја корист за време на кампањата, како и дека многу приговори на СП не се решени. (Шкип, Шекули, Газета шкиптаре, Панорама - 23/10/09)