23/10/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во четвртокот (22-ри октомври) рече дека очекува владата да најде начин за излез од политичкиот ќор-сокак кој ја мачи Албанија уште од општите избори на 28-ми јуни. Опозициската Социјалистичка партија инсистира на тоа дека процесот на гласање бил „наместен“ и ја бојкотира работата на парламентот додека не биде спроведена истрага. Говорејќи во Брисел, Рен рече дека албанската влада мора да покаже поголема посветеност на политичката стабилност и да ја развие својата европска ориентација. (Toп ченал, Алсат, Шекули - 22/10/09)