23/10/2009
БУКУРЕШТ, Романија -- Националлибералната партија (ПНЛ) во четвртокот (22-ри октомври) претстави предлог-закон за намалување на парламентот на вкупно 316 претставници -- 99 сенатори и 217 пратеници. Актуелниот број претставници е 471, од кои 137 се сенатори, а 334 се пратеници. За разлика од претседателот Трајан Башеску, кој сакаше дводомниот законодавен дом да стане еднодомен, ПНЛ сака задржување на дводомниот модел, но секој член да претставува повеќе луѓе. Секој сенатор би претставувал 221.000 граѓани, наместо 160.000, додека секој пратеник би претставувал 110.000 луѓе, наместо сегашните 70.000. Целта на намалувањето е рационализација на законодавниот процес и заштеда на пари. (Куриерул национал, Евениментул зилеи, Гандул - 23/10/09; Дојче веле, ДПА, АП - 22/10/09)