23/10/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Водачите на двете најголеми политички партии и партнери во владејачката коалиција -- претседателот Фатмир Сејдиу од Демократската лига на Косово и премиерот Хашим Тачи од Демократската партија на Косово -- во четвртокот (22-ри октомври) се согласија дека општинските избори на 15-ти ноември нема да му наштетат на нивното партнерство. За време на посетата на Централната изборна комисија (ЦИК) Сејдиу рече дека коалицијата обезбедува стабилност. Тачи додаде дека „ништо не може да го разниша партнерството кое создаде држава“. Двајцата се согласија дека изборниот процес претставува голем тест, по минатогодишното прогласување независност.
Во меѓувреме, американскиот амбасадор во Приштина, Кристофер Дел, ги предупреди косовските институции и политички партии во четвртокот, да не ја вмешуваат ЦИК во нивните кампањи. „Побарав од претседателот и политичките партии, да ѝ дадат на ЦИК простор, време и достоинство за да си ја заврши работата одговорно“, рече Дел. (Косова Сот, Зери, Коха Диторе - 23/10/09; TВ 21, Кохавижн, Ртк - 22/10/09)