23/10/2009
ХАГ, Холандија -- Судењето на поранешниот командант на босанските Срби Здравко Толимир ќе почне на 17-ти декември во Хашкиот трибунал за воени злосторства, објави судот во четвртокот (22-ри октомври). Толимир е обвинет за геноцид и други злосторства во врска со масакрот врз муслиманите во Сребреница од 1995 година. Подготовките за почетокот на судењето беа одложени поради лошата здравствена состојба на Толимир. (Б92, Бета, АФП, ДПА, Ројтерс, Фена - 22/10/09)