21/10/2009
СТРАЗБУР, Франција -- Албанија и Босна и Херцеговина (БиХ) добија уште еден поттик во нивниот процес на визна либерализација, откако комитетот на Европскиот парламент (ЕП) усвои амандман во вторникот (20-ти октомври), со кој двете земји се додаваат на т.н. „бела Шенген листа“. Официјално, само Србија, Македонија и Црна Гора се вклучени во следниот бран либерализација, кој се очекува да стапи на сила во јануари. Комитетот на ЕП за цивилни слободи, правда и домашни работи вели дека амандманот ќе стапи на сила дури откако Европската комисија и Советот на ЕУ ќе видат напредок од страна на Албанија и БиХ во исполнувањето на критериумите.
Во другите вести, властите во Турција почнаа да работат на прашалникот на земјата за членство во ЕУ. Истиот вклучува 4.500 прашања за подготвеноста за пристапување. Албанија аплицираше за кандидатски статус во април. (ВоA - 21/10/09; Топ ченал, Шекули, Балкан веб, Клан, Алсат - 20/10/09)