20/10/2009
ТИРАНА, Албанијa -- Премиерот Сали Бериша се откажа од идејата моштите на Мајка Тереза да се закопаат повторно во Тирана, каде што властите велат дека таа поминала време со семејството пред да замине за Индија во 1929 година. „Моето барање беше едноставно човечко“, рече во понеделникот (19-ти октомври) Бериша, за време на посетата на добротворната институција која го носи името на оваа калуѓерка. „Еден голем симбол кој доближува две нации не може да се претвори во спротивставеност меѓу нашите две нации и земји“, додаде Бериша, по повод одбележувањето на шестата годишнина од нејзината беатификација од страна на Католичката црква. Тој го упати првичното барање до Индија претходно овој месец, во надеж дека ќе го отвори патот за да се донесат во Албанија моштите на оваа добитничка на Нобеловата награда, пред 100-тата годишнина од нејзиното раѓање, следниот август. Мајка Тереза е родена во семејство на етнички Албанци во Македонија. (Toп ченал, Клан, Алсат, Њус 24 - 19/10/09)