20/10/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата уапси седум лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз српските војници во 1995 година, објавија локалните медиуми во понеделникот (19-ти октомври). Злосторствата, наводно, се случиле на босанска територија на крајот од конфликтот во периодот 1992-1995 година. Според извештаите на медиумите, уапсените се поранешни припадници на хрватската армија, кои се осомничени дека убиле пет српски војници во селото Млиниште, за време на операцијата на хрватските и муслиманските сили против босанските Срби. Според договорот помеѓу хрватската и босанската влада, хрватската армија се борела заедно со босанските трупи против босанските Срби, во текот на летото 1995 година. (ХРТ, ХИНА, Дневник, Јавно, Ројтерс - 19/10/09)