19/10/2009
TИРАНА, Албанија -- Водачите на Социјалистичката партија (СП) официјално одлучија во саботата (17-ти октомври) да ги бојкотираат локалните избори на 15-ти ноември. Главната опозициска партија во земјата долго време инсистира на тоа дека владата и парламентот треба да го одобрат нејзиното барање за преиспитуваење на, како што ги опишуваат, „наместениот“ изборен процес во јуни. Изборите во ноември ќе се одржат во пет области, за да се пополнат испразнатите места по гласањето на 28-ми јуни. (ББС, Шекули, Алсат, Клан - 17/10/09)