Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Maкедонија и Косово воспоставија дипломатски односи

19/10/2009

СКОПЈЕ, Македонија/ПРИШТИНА, Косово -- Македонија и Косово воспоставија дипломатски односи, објавија во неделата (18-ти октомври) министрите за надворешни работи на двете земји. Според заедничкото комунике потпишано во саботата од страна на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во Скопје и неговиот косовски колега, Скендер Хисени, во Приштина, двете земји се решени да ги зајакнат пријателските односи со взаемно почитување на својот национален суверенитет, независност и територијален интегритет.

Дипломатските односи се воспоставени откако парламентите во Скопје и Приштина во саботата го ратификуваа договорот за одбележување на границата. Со тоа заврши осумгодишниот спор во врска со овој регион, кој беше користен од страна на албанските герилци за спроведување напади за време на албанскиот бунт во Македонија во 2001 година. Истиот уследи по неколкумесечните разговори под покровителство на ЕУ и САД. Македонија ја призна независноста на Косово пред една година.

Во Белград, српскиот државен секретар за Косово, Оливер Ивановиќ, го минимизираше значењето на пограничниот договор, велејќи дека Македонија на крајот ќе мора да разговара околу ова прашање со Србија. Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, го опиша како удар за српско-македонските односи. (Коха Диторе, ВоА, Косова Сот, РТК, Кохавижн, А1, МИА, Сител, Макфакс, АП, Бета, Б92 - 18/10/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's