18/10/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Судот на БиХ во петокот (16-ти октомври) го осуди босанскиот Србин Милорад Трбиќ на 30 години затвор за геноцидот во Сребреница во 1995 година. Трбиќ беше прогласен виновен за убиствата на десетици луѓе и вмешаност во прогонот и фаќањето илјадници босански муслимани за време на масакрот во Сребреница. Трибуналот на ОН за воени злосторства, кој го обвини Трбиќ за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, го предаде случајот на судот на БиХ во јуни 2007 година. (РТРС, Фена, Онаса, Дневни аваз, Ројтерс, АФП, ББС - 16/10/09)