Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Албанската влада го поздрави извештајот на ЕК

15/10/2009

ТИРАНА, Албанија -- Извештајот за напредокот на Европската комисија (ЕК) е објективен и го рефлектира напредокот на Тирана кон интеграцијата во ЕУ, рече министерот за интеграции Мајлинда Брегу во средата (14-ти октомври). Таа додаде дека Албанија повеќе не се смета за земја која не може да организира демократски избори. Премиерот Сали Бериша вети дека „објективните критики кон владата и другите институции ќе бидат сериозно земени предвид“. Опозицијата Социјалистичка партија (СП) вели дека извештајот е позитивен за Албанија, но не и за албанската политика. Претставникот на СП Дитмир Бушати рече дека сите страни треба да работат за да се постигнат потребните стандарди. (Зери, Коха Диторе - 15/10/09; Ора њус, Балкан веб, Шекули, ВоА - 14/10/09)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's