15/10/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Официјалната кампања пред локалните избори на 15-ти ноември започна во четвртокот (15-ти октомври). Вкупно 73 политички партии и организации ќе се борат за 37 расположливи места. Претседателот Фатмир Сејдиу и американскиот амбасадор Кристофер Дел беа домаќини на церемонијата со политичките водачи во средата, за потпишување на Кодексот на однесување за престојните избори. Сејдиу ги повика политичарите да покажат зрелост и коректност за време на кампањата. (Косова Сот, Зери, Коха Диторе - 15/10/09; Кохавижн, Ртк, Клан Косова - 14/10/09)