14/10/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Единиците на КФОР во вторникот (13-ти октомври) деактивираа рачна граната пронајдена во дворот на ректоратот на Приштинскиот универзитет. Полицијата објави дека нема осомничени.
Во другите вести од вторникот, младиќ од Ѓаковица беше претепан во северниот дел од Митровица, каде што живее претежно српско население. Локалните медиуми посочуваат дека жртвата, Ардијан Сила, отишол во кафуле да купи виза за 2.000 евра, но наместо тоа бил нападнат. (Кохавижн, РТК, Клан Косова, Телеграфи - 13/10/09)