14/10/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Повеќе од 90 отсто од Македонците ги поддржуваат напорите на својата земја за евроатланска и европска интеграција, според новото истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Џон Кавано, шеф на одделението на ИРИ во Скопје, во вторникот (13-ти октомври) изјави дека 94 отсто од испитаниците изразиле поддршка за членството на Македонија во НАТО, додека 96 отсто ја поддржале кандидатурата на земјата во ЕУ. Кавано додаде дека мнозинството Македонци веруваат дека земјата е стабилна и дека контроверзната нова македонска енциклопедија не им наштетила на мултиетничките односи. (Maкфакс, МИА, А1, Сител - 13/10/09)