13/10/2009
TИРАНА, Албанија -- Тројца вооружени и маскирани мажи ограбија банка во пристанишниот град Валона во понеделникот (12-ти октомври). Ограбувачите избегаа во мерцедес кој подоцна беше пронајден запален. Не се објавува сумата која беше ограбена.
Во другите вести, двајца браќа во југоисточниот град Ѓирокастро беа уапсени во понеделникот, откако полицијата пронајде 30 килограми марихуана и АК 47 во нивниот стан. Според првичната информација на полицијата, парот планирал да шверцува дрога во соседна Грција. (Њус 24, Топ њус, Шекули, Ора њус - 12/10/09)