13/10/2009
TИРАНА, Албанија -- Полицијата во Драч во понеделникот (12-ти октомври) уапси маж осомничен за поттикнување тероризам и вмешаност во терористички активности. Артан Кристо, познат и како Мухамед Абдула, е претставник на фондацијата Ал Харамаин, наводен спонзор на меѓународниот тероризам. Нејзините средства беа замрзнати од страна на владата во 2004 година. Кристо е под истрага повеќе од три месеци, за наводно ширење и поттикнување терористичка пропаганда, преку претплатничка веб-страница која ги охрабрува младите муслимани да вршат терористички напади. (Toп ченал, Ора њус, Шекули 12/10/09)