12/10/2009
TИРАНА, Албанија -- Пограничната полиција долж брегот на Валона заплени два моторни чамци во операцијата од саботата (10-ти октомври). Поради немањето соодветни документи за пловење по албанските води, чамците беа конфискувани. Полициските патроли во регионот се интензивирани од јуни, кога брегот беше повторно отворен за комерцијална употреба, по тригодишната забрана наметната од сега владејачката Демократска партија. Албанскиот брег претставува сериозен проблем од почетокот на 1990-тите поради илегалната имиграција и шверцот со дрога. (AТШ, Шекули, Лајм - 11/10/09)