06/10/2009
ТИРАНА, Албанија -- Ратификацијата на Лисабонскиот договор на ЕУ, не претставува гаранција за понатамошното проширување на ЕУ, рече претседателот на Чешката Република во понеделникот (5-ти октомври) во Тирана, по состанокот со својот албански колега Бамир Топи. Одговарајќи на прашањето дали неговата земја ќе ја ратификува спогодбата, Клаус само рече дека Уставниот суд ја разгледува. Сепак, тој ја потврди поддршката за кандидатурата на Албанија за влез во ЕУ. Албанија ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ во април, за време на чешкото претседателствување со блокот. За време на посетата на Тирана, Клаус, исто така, оствари разговори со локалните водачи, околу билатералните односи и чешките инвестиции во земјата.
Исто така во понеделникот, премиерот Сали Бериша го пофали ирското „да“ за Лисабонскиот договор, велејќи дека тоа ќе ги охрабри Албанците и владата да продолжат со реформите со цел достигнување на стандардите за интеграција во ЕУ. (Шкип, Газета Шкиптаре - 06/10/09; ББС, Балкан веб, Шекули, Топ ченал - 05/10/09)