06/10/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Се очекува ЕУ да препорача визна либерализација за Косово, но под одредени услови, според меѓународниот документ на Европската комисија (ЕК), цитиран од локалните медиуми во понеделникот (5-ти октомври). Во предлог-извештајот, според кој во Косово е постигнат напредок, исто така, се вели дека ЕУ ќе побара посветеност од сите на помагањето на Приштина по нејзиниот пат на евроатланска интеграција. „Спречувањето на Косово да учествува во некои регионални иницијативи поради противењето на Србија, треба да се критикува, се истакнува во извештајот. Во него, исто така, се истакнува незадоволителната ситуација на новинарите и медиумите во Косово и се бара тоа прашање да биде итно решено.
Во другите вести, премиерот Хашим Тачи во понеделникот рече дека владеењето на законот во Косово претставува предуслов за мирот, стабилноста и економскиот развој. На состанокот на Заедничкиот координативен одбор за владеењето на законот, Тачи рече дека институциите треба да бидат повеќе посветени на борбата против корупцијата на царинските премини, која според него, претставува главен проблем за државата. Тачи истакна дека борбата против организираниот криминал и другите негативни појави е можна само во тесна соработка со меѓународната цивилна мисија во Косово. (Зери, Косова Сот, Кохавижн - 06/10/09; Инфо прес, Кохавижн - 05/10/09)