30/09/2009
СКОПЈЕ, Македонијa -- Премиерот Никола Груевски и Али Ахмети, водачот на помалиот партнер во владејачката коалиција Демократската унија за интеграција, во вторникот (29-ти септември) се согласија дека новообјавената македонска енциклопедија не треба да влијае на меѓуетничките односи. Коалициските партнери истакнаа дека нема никому да му дозволат да профитира од ситуацијата, ниту, пак, да му наштети на меѓуетничкиот соживот. Тие заклучија дека проблемите треба да се решаваат низ дијалог и препорачаа Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да најде решение за контроверзните делови од книгата. Претходно Ахмети ги повика Груевски и претседателот Ѓорге Иванов да се дистанцираат себеси од енциклопедијата, поради начинот на кој е прикажана албанската заедница. По бранот критики, МАНУ одлучи да измени дел од контроверзниот текст. (MИА, Макфакс, Сител - 29/09/09)