31/08/2009
TИРАНА, Албанија -- Конгресот на Социјалистичката партија (СП) во саботата (29-ти август) усвои резолуција во која се вели дека истата одбива да ги признае резултатите од парламентарните избори на 28-ми јуни, поради нерегуларностите. Водачот на СП, Еди Рама, рече дека на Албанија й се потребни предвремени избори, за да излезе од, како што ја опиша, политичката криза, и предупреди дека членовите на СП во парламентот ќе ги бојкотираат институциите додека не биде решено поинаку. (Шекули, Топ ченал, Балкан веб, Клан, Алсат - 29/08/09)