31/08/2009
ЉУБЉАНА, Словенија -- Повеќе од 400 политичари и економисти од целиот свет учествуваат на меѓународниот Стратешки форум што беше отворен во неделата (30-ти август) во Блед. За време на дводневниот форум, учесниците ќе разговараат околу начините за справување со клучните глобални прашања, особено последиците на актуелната економска криза во Европа и Евроазија. Претставници на балканските земји ги разгледуваат начините за зајакнување на економската соработка. Настанот го организираа Центарот за европска перспектива, една од водечките невладини организации во земјата, и словенечкото Министерство за надворешни работи. (СТА, РТС, Танјуг, Макфакс - 30/08/09)